УСЛУГИ

новости медицины

Главна дејност на компанијата БО-РИ Кавадарци е производство и продажба на мало и големо на Тиквешки Крап. Тој е богат е со белковини, омега 3 масни киселини, витамините А, Д и Е. Го чува мускулот на срцето и ги ублажува тегобите од болестите на крвните садови и псоријазата. Крапот е риба која припаѓа на фамилијата Cyprinidae, живее во бавно проточни или непроточни води, така што претежно живее во долните текови на реките и во езерата. Таквите води (топли, со помало количество на кислород и побавно течение) се нарекуваат крапски или ципринидни води.

Покрај крапот ние вршиме продажба на риби како што се:

Црвена и бела пастрмка

Пастрмката е здрав и хранлив продукт, кој зазема важно место во урамнотежената и правилната исхрана. Богата е со протеини, кои се потребни за нормален раст и развој. Одличен извор е на фосфор, селен и витамините Б12, Б6, содржи и витамин А и Б1, а истовремено содржи повеќе од 10% од дневно препорачаното количество железо.

Лосос

Лосост е богат е со витамините Д, Б6 и Б12, и но, го зголемува и нивото на серотонин, - хормонот на среќата. Лососот е често барана риба, и лесно се подготвува.

Лигњи

Лигњите се во нутритивната група на здрави продукти, така што по значење се вбројуваат заедно со: месото, јајцата, мешункасите и јаткастите плодови. Имаат многу малку заситени масни киселини, но содржат висок процент на холестерол.

Ракчиња

Ракчињата се природен извор на јод. Богати се со витамини, особено со витаминот А. Обилуват со минерали. Лесно се подготвуват.

Исто така на нашите верни клиенти им нудиме опција за чистење и приготвување на купената риба.

ремонт квартир